Министерството за економија денеска организира јавно извлекување на лицата кои ќе го остварат правото на надомест на дел од трошоците направени за купен и вграден соларен колектор во своето домаќинство од објавениот повик за 2015 година.
На извлекувањето ќе присуствува министерот за економија Беким Незири.
Од сите пристигнати апликации во рокот, со јавно извлекување на транспарентен начин, ќе бидат определени оние кои ќе добијат надомест од 30 отсто од направените трошоци, но не повеќе од 300 евра. Секој барател, кој има доставено барање за надоместување на дел од трошоците има право, доколку сака, да присуствува на јавното извлекување.
Досега вкупно се субвенционирани 3.021 домаќинство, а исплатени се вкупно 42.900.000 денари од Буџетот на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


