| четврток, 6 декември 2018 |

Јеменската влада и бунтовниците се согласија на мировни преговори

Јеменската Влада во егзил и шиитските бунтовници Хути денеска се согласија да учествуваат во мировни преговори под покровителство на ОН.

Јеменскиот министер за инфомации Езединел Исбахи, кој заедно со другите членови на Владата се наоѓа во егзил во саудискиот главен град Ријад, изјави дека за нив е прифатливо учество во преговорите што би се одржале во Женева.

Од своја страна и членот на Политичкото биро на Хутите, Даифалах ел Шами соопшти дека бунтовниците прифаќаат учество во преговори со Владата со посредство на ОН.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top