Северна Кореја соопшти дека ги ставила во состојба на борбена готовност ракетите и артилеријата со долг дострел, кои ги насочила кон американските воени бази на Гуам, Хаваи и кон американскиот континент, откако американските воени бомбардери „Б-52“ изведоа нови летови преку Корејскиот Полуостров.
– Од овој момент врховната команда на Корејската народна армија ги става во борбена позиција од прв степен сите артилериски единици, вклучувајќи ги и артилериите со долг дострел, како и стратегиските ракети, чијашто цел се непријателските објекти во базите на САД на нивното главно копно, на Хаваи, Гуам и во Јужна Кореја – пренесе државната корејска новинска агенција.
САД веруваат дека Пјонгјанг и покрај успешното лансирање ракета со долг дострел минатиот декември, сепак не располага со ракети и со технологија со која би можел да досегне до САД со своето нуклеарно оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


