Независниот кандидат за пратеник на парламентарните избори во Данска Џон Ерик Вагнер (52) се сликал гол на предизборниот постер.
„Гласајте за Вагнер и ќе бидете во предност“, пишува покрај фотографијата на политичарот, кој позирал со каубојскиот шешир и појас.
Впечатливоите постери на Џон Ерик Вагнер осамнаа ширум Копенхаген и предизвикаа поделени мислења. Додека едни го свртуваат погледот, други го фалат Вагнер за храброст и оригиналност.
Контроверзниот политичар во изминатите десет години повеќе пати се кандидирал на парламентарните, локалните и на регионалните избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.