| четврток, 6 декември 2018 |

Уште еден Буш ќе се кандидира за претседател на САД

Поранешниот гувернер на Флорида Џеб Буш ќе се кандидира на претседателските избори 2016 година, соопштија неговите соработници, потврдувајќи дека одлуката официјално ќе биде објавена на собир во Мајами до крајот на месецот.

џеб буш

Како син на поранешен претседател и брат на друг, Буш би бил третиот член на семејството на претседателската функција. Џеб Буш, син на републиканскиот претседател Џорџ Буш Постариот и брат на претседателот Џорџ Буш Помладиот, објави денеска на својот Твитер профил на шпански јазик „наскоро доаѓам“.

Буш (62) важи за еден од најдобрите претседателски кандидати на републиканците за изборите во 2016 година.

Минатиот месец „Њујорк тајмс“ објави дека Џеб Буш, кој како гувернер на Флорида беше популарен меѓу гласачите што зборуваат шпански јазик, на пријавата за изборите во 2009 година се изјаснил како хиспано-американец.

Џеб Буш е роден во Тексас и течно зборува шпански, а неговата сопруга Колумба е родена Мексиканка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top