| четврток, 6 декември 2018 |

Кој е зачинот кој е поскап и од златото?

Шафранот е најскапиот и најбаран зачин на светот, познат уште и како „црвено злато“. Сепак, до европјаните доаѓа оној помалку квалитетен шафран.

safran

Гран од најдобрата сорта од овој зачин чини дури 65 долари, што значи дека може да чини и повеќе од благородните метали.

Тој е скап бидејќи многу тешко се бере. За да се добие 400 грама шафран, потребно е рачно да се одделат околу 200 илјади влакна од 70 илјади крокус сатива цветови.

Колевка на оваа индустрија е Иран, каде што традицијата на берење шафран постои три илјади години. Оваа земја произведува дури 90 отсто од 250 тона зачин колку што се произведува за една година.

Оваа ароматичнна билка со силен вкус се користи во исхраната, козметиката и во алтернативната медицина.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top