Кинеските спасувачки тимови открија тела на 77 загинати патници и членови на екипаж на туристички брод кој потона во понеделникот во реката Јангце, пренесува Танјуг.
Бродот денеска треба да биде исправен со помош на кранови за да се забрза потрагата по уште околу 360 луѓе кои останаа заробени во внатрешноста на бродот.
Бродот на кој имаше 456 патници и членови на екипажот се преврти во понеделникот вечерта во реката Јангце.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.