Неколку дена пред годишнината од смртта на најдобриот европски кошаркар на сите времиња Дражен Петровиќ, српски „НИН“ објави интервју со неговата мајка Бисерка Петровиќ, која раскажа помалку познати детали од приватниот живот на прославениот ас.
– Дражен не беше за овој свет – изјавила Бисерка Петровиќ, која во интервјуто говори за детството на Дражен вво Шибеник, за неговите љубови, односот кон војната во која се распадна Југославија, за пријателството со Владе Дивац.
– Дражен беше тивко, но весело дете. Го гледавме како кукла, како дете кое мора вечно да остане дете. Имавме потреба вечно да го штитиме, бидејќи како мал имаше ишчашени колкови, мораше уште од шест месеци да носи ремени. Но, ни тогаш не чувстуваше тага, играше со ремените. Како растеше, сфаќав дека имам дете кое не припаѓа на овој свет – раскажува Бисерка во интервјуто за „НИН“.
Дражен загина во сообраќајна несреќа во Германија на 7 јуни 1993 година.
– Се чув со него телефонски два и пол часа пред несреќатга. Вечерта околу 11 часот ми се јави телефонски еден женски глас и на лош хрватски јазик ми кажа дека Дражен загинал. Кога сфатив дека е тоа вистина, најверојатно од шок, истрчав на балкон. Сопругот ме спречи во последен час – раскажува мајката на Дражен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.