Веста на порталот „Либертас“ во која се спомнува состанокот на премиерот Никола Груевски и амбасадорите на земјите-членки на Европската унија (ЕУ) во Македонија, а на која присустувал и Аиво Орав, шеф на делегацијата на ЕУ за Македонија е измислена и неточна, пишува „Нетпрес“.
Како што пишува „Нетпрес“ средбата поминала во целосна спротивност од она што го интерпретира „Либертас“.
Во текстот стои дека наводно Орав на средбата што ја имаше со Груевски во владата со амбасадорите вчера го прашал Груевски како избегал заробениот терорист во Куманово, нешто што според изворите на „Нетпрес“ е комплетно измислено и неточно.
Според „Нетпрес“, Груевски со амбасадорите имал отворен и конструктивен разговор. Главна тема биле областите поврзани со тековната политичка криза, напорите за нејзино надминување и предизвиците кои следат по разговорите меѓу политичките актери кои се одвиваа во присуство на Еврокомесарот Хан.
„Во текстот кој изобилува со шпекулации се вели дека амбасадорите не се служеле со речникот својствен за дипломатијата, туку биле доста груби, па потоа дека наводно поради доцнење амбасадорите сакале да си заминат и на крај дека се сакало да се избега од темата дека е потребно да се спроведе истрага за незаконско прислушкуваните материјали, нешто што е сосема спротивно и на сите јавни искази на Груевски дека тој е за целосно и комплетно завршување на истрагата. Имено од она што го дознавме од наши извори воопшто тоа прашање не било отворено“, се вели во текстот на „Нетпрес“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии