Руската компанија „ПејНет’ продолжува да ја шири својата мрежа на Балканот. Нејзината најнова инвестиција „ПејНет Македонија“ (PayNet Macedonia) го носи на пазарот најсовремениот систем за брза и ефикасна наплата на сметки преку платежен терминал. Мрежата на терминали веќе е поставена и системот функционира 24 часа дневно, 365 дена во годината.
Преку терминалите за брза наплата ќе може да се плаќаат сметките за водовод и канализација, радиодифузна такса, мобилната и фиксна телефонија, за кабловска телевизија и интернет од операторот „Уан“ и од „Близу“ како и за плаќање на јавни давачки – такси, казни и даноци.
Терминалите на „ПејНет“ веќе се поставени во централните градски подрачја, а подоцна ќе бидат поставени и во руралните области.
ПејНет овозможува плаќање првенствено со готовина директно на терминалот, но се нуди опција и за безготовинско плаќање. Најголемиот дел од услугите се без провизија.
Концептот за брза наплата преку терминали најпрвин е воспоставен во Русија во 2000-2001 година. Денес, оваа индустрија во Русија вбројува над 1 милион платежни терминали преку кои се процесираат повеќе од 3.500 различни услуги. Освен во Русија, терминалите за брза наплата се популарни и во повеќе од 15 земји, а овој концепт во последниве 5 години е присутен и во регионот, односно во Бугарија и во Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст