| четврток, 6 декември 2018 |

Пет работи што мажите секогаш ги забележуваат за време на сексот

man-turned-on-by-woman

Целулитот, стриите, стомачето…ништо од тоа не е важно за возбудениот маж. Она што не може да им избега во текот на љубовната игра, е нешто друго.

1. Вашата иницијатива
Нема ништо поеротски од жена што се чувствува добро во своето тело. Тоа е природна мамка за мажите, на која едноставно не може да му се одолее.

Освен тоа што самодовербата ја прави жената секси и заводлива, опуштеноста за време на сексот, како и преземањето на иницијатива, мажите го толкуваат како силна желба да бидете со нив и дека уживате со нив. Мажите обожаат кога жената знае што сака.

2. Вашите движења
Движењата се најмоќното оружје на жената, и тоа од начинот на одење, кокетирањето и однесувањето во друштво, па сѐ до најстрасниот чин. Женското тело само по себе е привлечно за мажите, но кога со движењата откривате страст и заведување, не остануваат рамнодушни.

3. Вашите погледи
Погледот може да биде многу сензуално и страствено оружје на кое паѓа секој маж. Погледите опишуваат сигурност, доверба, задоволство, страст и желба за секс. Погледите за време на водењето љубов, како и оние кон своето и негово голо тело, се инстант подигнувачи на страстите и затоа секоја жена треба максимално да ги користи.

4. Вашите воздишки
За време на сексуалниот однос, она што открива вистинско задоволство се сензуална воздишки на жената, кои во еден момент можат да го возбудат секој маж. Со помош на воздишките тие знаат кога се на вистинскиот пат, но тоа за нив е и доказ дека навистина уживате во милувањата, бакнежите и машкиот труд.

5. Вашиот труд
Ако мислевте дека мажите не ги забележуваат вашата долна облека, негуваната кожа или депилирањето на интимата зона, грешите. Иако чезнеат по вашето тело, тие и тоа како ги забележуваат вашите напори за да ги импресионирате. Тоа им ласка.

 

Извор: Zadovoljna.hr

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top