Агенцијата на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) денеска апелираше Европската унија да прифати поголем број бегалци од планираното бидејќи бројот на очајни Сиријци што ја напуштаат земјата постојано се зголемува.
Помошникот на високиот комесар за заштита на УНХЦР, Фолкер Турк, изјави дека потребите ќе бидат многу поголеми и поитни.
Тој посочи дека значително е зголемен бројот на емигранти што влегуваат во ЕУ, односно во Грција преку Турција. Најголемиот број од тие бегалци доаѓаат од Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.