За да можат ги поддржат mnoguбројните добротворни акции низ светот десет милијардери решија да се откажат од половина од своето богатство, пишува „Си-Ен-Ен“.
Тие го потпишале актот што претходно го составиле Ворен Бафет и Бил и Мелинда Гејтс. Уште во 2010 година тројцата ги повикале милијардерите да се откажат од поголемиот дел од своето богатство додека се живи, а не тоа да го сторат во тестамент.
До сега вкупно 137 милијардери од 14 земји го поддржале актот.
-Кога го почнавме овој проект, не ни можевме да насетиме дека оваа бројка на луѓе ќе ни се придружи во акцијата – рече Бил Гејтс.
Џоди Фолкнер, директорка на компанијата „Епик“, чијашто вредност се проценува на 2,6 милијарди долари, се обврза дека ќе се откаже од 99 отсто од уделот во оваа фирма.
Бред Кивел, Хамди Улукаса, сир Иан Вуд, Гордон Гунд, Харолд Гринспун, Дијане Тродерман, Рут и Бил Скот и Шарли Варкес, исто така, презедоа обврски дека ќе се откажат од дел од своето богатство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст