| четврток, 6 декември 2018 |

Педро останува во Барселона до 2019 година

Шпанскиот репрезентативец во редовите на Барселона, Педро, го продолжи договорот со каталонскиот гигант до 2019 година. Иако голем број клубови беа заинтересирани да го доведат во своите редови, тој се реши да остане на „Камп Ноу“.
Силен интерес за Педро покажаа англискиот премиерлигаш Арсенал и италијанскиот калчолигаш Интер, но тој се реши да ја прифати понудата на Барса и да остане верен на својот клуб каде што е веќе осум години.

Со новиот договор Барселона соопшти дека ја одредила и откупната клаузула, која сега изнесува 150 милиони евра доколку сака некој клуб да го доведе во своите редови пред 2019 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top