Понежната половина на човештвото има своите универзални претстави за сексапил кај мажот, кои моментално ги креваат неговите поени во нивни очи.
Погледнете ја селекцијата на француско списание од 5 работи кои ако мажот ги поседува, сигурно многу жени би излегле со него.
Сурфа (како најсексипилен спорт за мажи, французинките го посочуваат токму сурфањето). Дали затоа што многу добро ги оформува рамената или само ги потсетува на плажа, море и бурни емоции, жените паѓаат на типот „сурфер“.
Свири на гитара. Сите жени се како маѓепсани, штом слушнат маж да свири на еден од најромантичните музички инструменти, гитара.
Чита книги, во оваа листа на француско списание жените сметаат дека читањето книги е многу секси.
Сака животни (најчесто кучиња). Ако мажот до вас сака животни, тоа е најсигурниот знак дека тој ќе биде добар татко.
Има странски акцент, мелодичен италијански, или пак сензуален шпански, акцентот на еден маж, според студијата, го прави пеколно секси.
Според ова истражување, французинките повеќе би сакале да имаат партнер странец, отколку типичен французин, бидејќи сакаат да запознаат нови култури, различни од нивната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.