| четврток, 6 декември 2018 |

ЦИА им помага на сириските бунтовници во снабдувањето со оружје

Транспортот на оружје за сириските бунтовници, кој значително е зголемен во последните месеци, се спроведува со помош на ЦИА, пишува „Њујорк тајмс“. При набавките на оружјето, меѓу кои и оние од Хрватска, на американските разузнавачи им помагале арапските влади.

Со помош на ЦИА, арапските влади и Турција, значително е зголемена воената помош за сириските бунтовници во последните месеци.

Забележани се повеќе од 160 летови на јордански, саудиски и катарски воени транспортни авиони, пишува весникот повикувајќи се на податоци од воздушниот сообраќај, како и на интервјуа со официјални лица од неколку земји. Авионите најмногу слетувале на аеродромот „Есенбог“ во близина на Анкара, но, исто така, и на други аеродроми во Турција и во Јордан.

ЦИА одбила да ја коментира нејзината улога во пратките на оружје. Хрватска и Јордан демантираа каква било улога во снабдувањето со оружје на бунтовниците. Поради претходните написи на „Њујорк тајмс“, Хрватска ги врати војниците од Голанската висорамнина од безбедносни причини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top