
Шеснаесетгодишно девојче од Гостивар вчера вечерта било донесено на Ургентното одделение во гостиварската болница откако се затрула со неутврдена количина средство за хигиена „доместос“.
– Девојката, која била во неконтактибилна состојба, половина час пред тоа во својот дом испила вакво средство и поради влошената здравствена состојба, а по укажаната лекарска помош, со медицинско возило итно е префрлена на скопските клиники – информираат од СВР Тетово.
Полицијата ги расветлува сите поединости поврзани со труењето – дали сама го испила средството или некој ја наговорил или ѝ го подметнал, односно дали станува збор за обид за самоубиство или нешто друго.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


