| четврток, 6 декември 2018 |

Семејството на Гадафи доби азил во Оман

 Вдовицата на либискиот лидер Моамер Гадафи и другите членови на неговото семејство добија азил во Оман, соопшти Министерот за надворешни работи на Либија, Мохамед Абделазиз.

Министерот рекол дека роднините на Гадафи го напуштиле Алжир откако Оман им понудил азил, но не сакаше да изнесува детали. Се верува дека вдовицата Сафија и трите негови деца со внуците заминале од Алжир кон крајот на минатата година.

Абделазиз рекол дека е прерано да се зборува за тоа дали Либија ќе бара нивно испорачување. Режимот на Гадфи беше урнат со вооружен бунт, а самиот Гадафи беше заробен и убиен во градот Сирт на 20 октомври 2011 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top