| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто не треба да се пуши цигара по јадење?

621x466_4d8a1df9b93795376a000000_cigarrillo 2

Повеќето пушачи имаат силна желба веднаш по оброкот да посегнат по цигара. Тие често го прават тоа оти сметаат дека така побрзо ќе се вари храната, но експертите не се согласуваат и не ја поддржуваат нивната теорија.

Тие велат дека цигарата посебно ги иритира цревата, но и остатокот од дигестивниот систем кој тогаш влијае на целото тело. Никотинот од цигарата се врзува со кислородот во крвта затоа што по јадењето, кога дигестивниот систем работи со полна пареа, полесно се апсорбира.

Бројни истражувања покажале дека пушењето по јадењето е 10 пати полошо од „нормалното“. Поточно, една испушена цигара по јадење има дејство како да сте испушиле 10.

Токму затоа, пушачите по оброкот треба да почекаат минимум половина час пред да запалат цигара.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top