| четврток, 6 декември 2018 |

Момче загина во верижен судир во Скопје

Фото: Архива

Фото: Архива

Eдно лице загина, а шестмина се повредени во сообраќајна несреќа која синоќа, половина час по полноќ, се случила на улицата „Лазо Трповски“ во Скопје.

Во несреќата учествувале три автомобили, сите со скопски регистарски таблички, „ауди“ управувано од 20-годишниот С.А., „ровер“ кој го управувал Амир Б. (22) и автомобил „сеат“ кој го возел 42-годишниот Б.Е.

Во несреќата тешки повреди добил возачот на „роверот“ кој со Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар каде што им подлегнал на истите.

Во страшната несреќа полесно повредени се и другите двајца возачи, како и четворица сопатници кои се наоѓале во автомобилите, Б.А. (24), Е.И. (21), А.Е. (18) и А.Е. (19). Истите се пренесени во Ургентниот центар и во ГОБ „Св. Наум Охридски“.

Полицијата на местото на несреќата извршила увид и работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top