| четврток, 6 декември 2018 |

Прегазени двајца пешаци во Скопје

Средовечен маж и жена на возраст од околу четириесет години се тешко повредени откако вечерва околу 21 часот биле прегазени од автомобил во Скопје додека преминувале на пешачки премин, објави Телеграф. Пешаците се прегазени на пешачкиот премин во близина на Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“ во главниот град.

soobrakjajka

Фото Телеграф

 

Во нив удрило возило „југо“ со скопски регистерски таблички на кој стоеја ознаки „Хотел Лаки“. Според очевидци автомобилот возел многу брзо.

– Возеше многу брзо. Во еден миг слушавме врисок и автомобилот без да закочи удри во жената и во мажот кои преминуваа улица на пешачкиот премин – ни рече еден очевидец кој беше на местото на сообраќајната несреќа. Први напомош притрчале млади луѓе од „Даре Џамбаз“, каде се сместени и екипи за интервенции при катастрофи. Бргу пристигнаа и екипи на брзата помош кои ги пренесоа повредените на ургентен болнички третман. Полицијата врши увид на местото на несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top