| четврток, 6 декември 2018 |

Менувањето на спогодбата од Лисабон би траело барем две години

лисабон

Претседателот на Комитетот за надворешна политика, при германскиот Бундестаг, Норбет Ротлен изрази сомневање дека Спогодбата од Лисабон може да се промени, пред одржувањето на британскиот референдум за останување или за напуштање на ЕУ.

На предавање во Лондон, Ротлен рече дека за една таква операција се потребни „барем две години“ што е подолго време од рокот, што премиерот Дејвид Камерон и британската влада, го имаат поставено за референдумот.

Британскиот премиер уште пред повеќе од две години најави дека ќе организира референдум за ЕУ до крајот на 2017 година, откако претходно со Брисел ќе се одржат нови британско-европски преговори за условите под кои Британија би останала во ЕУ.

Засега се уште не се знае списокот на барањата на кои инсистира Лондон, но владата веќе изготви предлог-закон за референдумот, со предложеното прашање-дали сакате Велика Британија да остане во ЕУ- кои се во парламентарна процедура и го поминаа првото читање.

Во британската и во европската јавност, позната е само „црвената линија„ на која Британците велат нема да има попуштање, а тоа е ограничување на приливот имигранти од Унијата и определување рок од четири години, пред тие да можат да бараат британски социјални бенифиции.

Германскиот политичар ја повтори определабата на Берлин,за тоа Велика Британија да остане дел од ЕУ, но порача дека не може тукутака се да се промени, за да се задоволат барањата на Лондон.

-Ние (Германците) ја сакаме Британија во ЕУ, но мора добро да се процени што е изводливо во барањата (на Британците) за реформирање- рече Норберт Ротлен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top