| четврток, 6 декември 2018 |

Секоја чкртаница има свое значење

Што чкрткате додека зборувате на телефон, на здодевен состанок или, пак, кога сте замислени?

Познатиот американски графолог и автор на книгата „Handwriting Analysis: Putting It to Work for You“ Андреа Мекинол, често го бараат за екпертско сведочење на суд. Тој ги проучил чкртаниците и според нив може да открие каква личност сте.

Ова се најчестите работи што луѓето ги пишуваат и нивното значење.

Квадратчиња
Откриваат личност која сака да биде конструктивна, ефикасна, корисна, од помош, практична и позитивна.

Коцки
Ако цртате коцка, сигурно сте личност која е во состојба да гледа и да пристапи на проблемот од сите можни агли.

Триаголници
Триаголниците откриваат логичен и рационален ум. Личност која сака да ги спроведе работите до крај.

Линии без врска
Ако вашите цртежи често се состојат од линии кои не се поврзани или не претставуваат некаква посебна форма, тогаш се чувствувате како баш и да немате стабилна поддршка во вашиот живот, а често овие цртежи се знак и на нервоза.

Ѕвезди
Ѕвездичките означуваат надеж, поглед напред и оптимизам.

Кругови
Ако постојано се обидувате да нацрта совршен круг, вие сте пасивен човек, но исто така многу врзан за своето друштво, односно имате потреба за дружба со зборлести луѓе, кои се флексибилни и имаат потреба да им се допаѓаат на другите.

Срциња

Очигледно, црта личност која размислува за љубов.

Цвеќиња
Цвеќињата ја претставуваат женствената страна на нашата личност, како и желбата за развој, природата и проширување на семејството.

Лица
Најчесто, лицето кое го цртате ја опишува вашата состојба на умот. Значи целосно зависи од вас далисте нацртале плачко или смешко.

Дрво
Дрвото го претставува нашето его и амбиција. Обрнете внимание на гранките, ако тие се голи и наведнати кон земјата, тоа значи депресија и недостаток на борбен дух.

Стрелки
Ве води желба, амбиција и мотивација за успех.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top