-Ја поздравувам покажаната свест и волја од политичките лидери за надминување на отворените прашања. За поздравување е фактот што изминатиот период лидерите на политичките партии меѓусебно разговараат и бараат начини за надминување на актуелната политичка состојба во Република Македонија- стои во писмената изјава на Претседателот Ѓорге Иванов.
-Дијалогот е единствениот начин преку кој се надминуваат сите предизвици. Постои оптимизам за надминување на актуелната политичка криза во Македонија. Ги повикувам сите учесници во политичкиот дијалог во следниот период да се однесуваат разумно и одговорно. Очекувам од нив посветен, одговорен и доследен пристап кон дијалогот за да се врати политичката стабилност во Република Македонија- се наведува во писмена изјава.
-Граѓаните на Република Македонија очекуваат политичка зрелост и подготвеност за институционално решавање на сите предизвици, согласно Уставот и законите на Република Македонија. Граѓаните очекуваат резултати и одржливи решенија. Тоа го очекувам и јас. Сите треба да постапуваат исклучиво во интерес на граѓаните и на државата, Република Македонија- посочува Иванов.
-Вклученоста на Европската унија во овие разговори недвосмислено покажа дека европската и евроатланската агенда на Република Македонија е главен приоритет во државата. Приоритет кој ги обврзува политичките лидери да работат за достигнување на европските критериуми, стандарди и принципи. Граѓаните на Република Македонија го очекуваат тоа од лидерите на политичките партии. Тоа е нивна исклучителна обврска кон граѓаните- се ввели на крајот на писменаа изјава на Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево


