| четврток, 6 декември 2018 |

Се истражува дали е внесен антракс во Пентагон

Министерството за одбрана на САД спроведува истрага за тоа дали во зградата на Пентагон е внесен антракс, наведува Си­-Ен­-Ен.

Минатата недела беше откриено дека примероци на антракс по грешка биле испратени во 11 американски држави и уште две држави. Весникот Ју­-Ес­-Еј­-Тудеј објави вчера дека американска воена лабораторија испратила примероци на жив антракс и во три лаборатории во Канада.

Пентагон не објави дали антраксот е внесен во зградата или околу неа, ниту колкав би бил евентуалниот проблем за американските граѓани. Досега само една лабораторија во Мериленд пријави дека примиле живи спори на антракс, а Пентагон и Центарот за контрола и превенција на болести се обидуваат да откријат дали жив антракс е испратен и во други установи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top