| четврток, 6 декември 2018 |

Клупски концерт на „ДНК“ во Скопје

IMG_2571

По пауза од една година, ар-ен-би дуото „ДНК“ повторно ќе настапува пред сите свои фанови. Се најавува перформанс со многу емоции и позитивна енергија на сцената во летниот клуб „Привилиџ“.

Клубскиот концерт ќе се одржи на 7 јуни, недела, во клубот точно на полноќ, а ќе биде збогатен и со настап на специјален гостин.

Панчо и Андреј заедно со нивниот бенд (Танче Гроздановски – гитара, Никола Бочваров – бас, Сашо Стојановски – тапани, Влатко Георгиев – сајзер, Горан Папаз – сакс и придружните вокали, Маја Саздановска, Сара Николовска и Ана Костадиновска), канат на незаборавен перформанс какви што беа оние кои ги наполнија Универзална Сала и Метрополис арената. За загревање ќе бидат задолжени диџеј Irie Scratch и диџеј Mawrteen (SureShotz Entertainment).

Картите ќе може да се купат пред самиот настан, во недела, на касата на клуб „Привилиџ“

Бројот на карти и резервации е ограничен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top