| четврток, 6 декември 2018 |

Малолетник со боксирач му ја дупнал главата на соученик

Вчера околу 10,00 часот во Тетово, 15-годишен ученик со употреба на метален предмет (боксирач) физички нападнал негов врсник нанесувајќи му повреди во пределот на главата, по што го напуштил местото на настанот.

Оштетениот бил пренесен во Клиничкиот центар-Тетово за укажување на лекарска помош по што бил задржан на лекување.

По преземени мерки осомничениот е приведен и е извршен разговор во присуство на родител. Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top