| четврток, 6 декември 2018 |

Арнаудова автор на нејзиниот нов сингл „Розев дожд“ (ФОТО)

C0120.MP4.Still001

„Розевиот дожд“ на Кристина Арнаудова вечерва ќе биде промовиран во емисијата „Бекстејџ“ во 20.15 часот. Се работи за нов сингл, последен од албумот ,,Земи ме“.

Текстот на „Розев дозд“ е дело токму на Арнаудова, а таа заедно со Бојан Трајковски, се автори и на музиката. Аранжманот на месната го изработи Бојан од „Ај кју“, а снимана е во студиото „Торус“ на Александар Митевски.

image-5ef6eb4b80fbb43f7aa7f575afac92a4c6a167aa3f8729d49556ddd3a3a55730-V

Видеоспотот е изработен од Дарио Јанковиќ, а реализиран во соработка со спонзорите на Арнаудова, ,,Еурофарм“ и линијата за сончање ,,Heliocare“.

C0115.MP4.Still002

Видеото се снимаше на Матка, во волшебно опкружуваење на природните убавини, а во спотот се појавуваат и Стефан и Ива во улога на пар на кој му се случува емотивната приказна од песната. Дадар, како и секогаш беше задолжен за шминката и фризурата, а за костимите беше задолжен Небојша Толески.

image-7bf948a7259267b35741fb161a2bdde1145c1a0fa75743cd7ab8699bde8953e5-V

Веќе почнувам да работам на нов материјал, а се спремам и за неколку концерти низ Македонија ова лето. Очекувам веќе во септември да пуштиме нов сингл од новиот материјал, ако е се по плановите. Во исто време ја промовирам и линијата чевли ,,Кристина“ за „Шевро“, а почнав со пишување на песни и за некои мои колеги, така да овој период, како и вообичаено ќе биде доста динамичен за мене – вели Арнаудова.

image-90b2ef85b8e7d6c70c616c222c1ce7c7fef04bffa8daf6fd64710f30eb0e124c-V

Македонскаа пејачка се подготвува и за голем концерт, за кој вели ќе се случи кога целата економско-политичка ситуација во нашата земја ќе се стабилизира, бидејки во моментов, според неа, се уште нема соодветни услови за тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top