
Српскиот тренер Синиша Михајловиќ, е прогласен за тренер на годината во италијанската Серија А.
Михајловиќ има постигнато значаен резултат со Сампдорија, освојувајќи го седмото место што може да го однесе клубот од Џенова во квалификациите за Лигата на Европа.
Самдорија некое време беше и трета на табелата, но не успеа да се задржи на високо ниво на игра до крајот на сезоната.
Сепак, и ова е одличен резултат за тим кој при доаѓањето на Михајловиќ на тренерското место, пред година и пол беше во зоната за испаѓање.
Менаџер на годината е исто така од Сампдорија, претседателот на клубот Масимо Фереро, додека наградата за фер-плеј отиде кај Маурисио Сари од Емполи.
Награден е и претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, за финансиски фер-плеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


