
Во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водстопанство од Крива Паланка досега се поднесени 980 барања за финансиска поддршка од страна на земјоделците од општините Крива Паланка и Ранковце.
– До продолжувањето на рокот за пријавување субвенции на земјоделците за 2015 кој беше до 31 мај, за субвенции аплицирале 980 земјоделци од вкупно регистрираните 1500 во овие две општини, а до истекот на рокот кој трае до 30 месецов се очекува барања за финансиска поддршка да поднесат околу 1400. Рокот беше продолжен до крајот на месецов за да можат сите земјоделци кои од која било причина не успеале да аплицираат да го сторат тоа, изјави Влатко Ристовски, советник во стручната канцеларија на Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството од Крива Паланка.
Ристовски нагласи дека рокот за поднесување барање за субвенции за млеко е до 15-ти јуни годинава.
– Млекопроизводителите, пак, од Крива Паланка и Ранковце кои имаат произведено и предадено млеко во некоја од млекарниците во првите четири месеци од 2015 можат да поднесат барања за субвенции до 15 јуни, рече Ристовски.
Според Ристовски, до истекот на рокот се очекува да аплицираат 100-тина млекопроизводители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


