Револуционерниот музичар, активист и еден од најважните гласови на светската музика Ману Чао доаѓа на „Д фестивал“ за средба со омилената македонска публика со која негува уникатна сплотеност и љубов, велат од „Пасворд продукција“
Големата прослава на затворањето на јубилејното петто издание на „Д фестивал“ е загарантирана со искрената и неверојатна енергија на музичкиот гениј МАНУ ЧАО кој ќе ја предводи програмата на главната бина со настап во недела, на 19. јули!
Ману во Дојран доаѓа со својата „Ла Вентура“, која, покрај него, ја сочинуваат уште и гитаристот Маџид, басистот Гамбит и тапанарот Гарбансито, а посебно за настапот во уникатната фестивалска атмосфера на Д ФЕСТИВАЛ, тие доаѓаат и во проширен состав. „Ла Вентура“ во Дојран ќе биде засилена со музичари на дувачки инструменти за шестчлен состав еднакво силен како легендарната „Радио Бемба“, а сет листата покрај најголемите химни како што се „Clandestino“, „Rainin’ In Paradize“, „Mi Vida“, „Politik Kills“ или „Mala Vida“, вклучува и бројни изненадувања, необјавени песни, а понекогаш и обработки на легенди како што е Боб Марли! Ману минатата година одржа низа настапи на најголемите светски фестивали како што се „Роскилде“ и „Вудсток“, годинава ги предводи најзвучните фестивали во Европа, а неодамна одржа и неколку стадионски настапи во Аргентина и Колумбија!
– Оваа година, на наше особено задоволство Господинот Хозе Мануел Томас Артур Чао Ортега и официјално станува и најпознатата фаца која стапнала во Дојран после славниот Благој Истатов – велат од Пасворд Продакшн .
Покрај МАНУ ЧАО ЛА ВЕНТУРА, своите настапи на главната бина на тридневниот музички маратон Д ФЕСТИВАЛ ги потврдија и КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ фт. ТК ВОНДЕР, ФОЛТИН, БЕД КОПИ, ЉУБОЈНА БРАС ФАНТАЗИ, ФУЛИШ ГРИН, ПМГ КОЛЕКТИВ, БЛА БЛА БЛА…, ЗАА, БАИЛДСА, КУЛТУРНО УМЕТНИЧКИ РАБОТНИЦИ и ДРАМ’ЕН’БРАС ТРИО. Само во рамки на музичката програма на Д ФЕСТИВАЛ од 17. до 19. јули во Дојран ќе гостуваат повеќе од 30 изведувачи, а покрај тоа најавени се и бројни гости од дополнителните активности на фестивалот. Наскоро очекувајте ја целосната програма на Д ФЕСТИВАЛ 2015.
ЗАПОЧНУВА И СПЕЦИЈАЛНАТА СТУДЕНТСКА АКЦИЈА „4+1“
Покрај промотивните фестивалски и еднодневни велзници кои веќе се достапни во продажба, од понеделник (8. Јуни) започнува да се спроведува и специјалната акција „4+1“ наменета исклучиво за студентите во Македонија. Во рамки на оваа акција за 4 купени фестивалски влезници, петтата влезница ја добивате бесплатно, како и гратис камп за сите петмина. Сѐ што треба да направите е да го соберете вашето омилено друштво, задолжително да носите студентска легитимација и да се упатите во едно од официјалните продажни места на Д ФЕСТИВАЛ. За оваа акција да биде уште подостапна, Д ФЕСТИВАЛ ќе се погрижи и околу здружувањето на сите заинтересирани. Доколку не можете да се екипирате, за полесно да ги најдете вашите пајташи за на фестивалот и полесно да стигнете до единечна карта за тридневен фестивал која практично ќе ве чини 480 денари, задолжително следете ја официјалната фејсбук страница на Д ФЕСТИВАЛ.
Фестивалските билети за тридневниот музички маратон на разумот од 17. до 19. јули, вклучувајќи го и сместувањето на ептен независниот камп, во претпродажба чинат 600 денари.
Претпродажбата ќе се спроведува до 1. јули и се однесува на ограничен број на влезници.
ЕДНОДНЕВНИ ВЛЕЗНИЦИ:
Ден 1 (17. Јули) – 250 денари
Ден 2 (18. Јули) – 250 денари
Ден 3 (19. Јули) – 350 денари
ФЕСТИВАЛСКА ВЛЕЗНИЦА (+ бесплатен камп) – 600 денари
Продажбата на влезниците се спроведува преку МКТИКЕТС или поточно во:
- продажните салони на ONE во: Скопје (Ramstore, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Skopje City Mall) Куманово, Тетово,Гостивар, Битола, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија;
- во Скопје: Југотон (ГТЦ 1 кат), Универзална Сала, Тобако – МПМ ПРЕС, Тобако Гоги – Драчево, Тобако 2 -Скопјанка, Тобако – Дрводекор, Супер Тобако 8;
- во Тетово: Алпине Спорт;
- во Охрид: Њу Тобако;
- во Кавадарци: Ровим Ком.
За деталите, посетете гo mktickets.mk .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.