| четврток, 6 декември 2018 |

Самарџиски ќе игра за Црвена Звезда само во Јадранската лига

Македонскиот репрезентативец Предраг Самарџиски, нема да игра за Црвена Звезда во завршницата од српскиот шампионат,откако не влезе во квотата од 4 странци, што е максимален дозволен број, но ќе настапи за „црвено-белите“, во битката за титулата во Јадранската лига. Тренерот на Црвена Звезда, Влада Вукоичиќ, не го вклучи македонскиот центар во тимот и му даде предност на Американецот Елтон Браун. Покрај него, во домашното првенство од странците ќе играат и Скот, Нелсон и Савовиќ.

Самарџиски сепак ќе остане во клубот и ќе игра за „црвено-белите“ во Лакташи, на фајналфор турнирот во Јадранската лига.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top