| четврток, 6 декември 2018 |

Ако е договорено тоа што го тврдат опозициските портали, зошто тогаш жолчни текстови со агресија?!

grupna so han
Веднаш по објавувањето дека е постигнат договор помеѓу политичките лидери медиумите под контрола на СДСМ, финансирани од Сорос, започнаа со ширење на текстови полни со агресија и напади на сите страни. Тие излегоа со неразбирлив триумфализам и убедување дека ќе немало избори без техничка или било каква привремена влада, целосно неразбирливо заглавувајќи во гнев и омраза каква што всушност ширеа и секој претходен ден.

Нивната потреба е по секоја цена да продолжат по стапките со кои ја втурнаа Македонија во оваа криза, да шират омраза објавувајќи текстови полни со поделби и нервоза.
European commissioner Johannes Hahn helps with the political crisis in Macedonia
Она што со сигурност се знае е е постигнат договор како рамка за излегување од кризата, а модалитетите и механизмите кои ќе обезбедат гарантирање на доверба во изборниот процес од сите субјекти, ќе се договораат до 10 јуни. Денеска, на средбата со еврокомесарот Јоханес Хан беа договорени избори кои ќе се одржат во април. Денешниот договор всушност го отвори и исчекорот во евроинтеграциите, посочи еврокомесарот Хан кој денешната средба ја оцени како интензивна и конструктивна. Според него важно е земјата претходно да го подготви изборниот законик и да се направи ревизија на избирачкиот список, како и да се задржи понатамошното спроведување на сите препораки на ЕУ. Договорено е да се примени методологија која вообичаено ЕК ја користи за преговори за поглавјата 23 и 24, а се работи за владеење на правото, независност на судството, слобода на медиумите.
European commissioner Johannes Hahn helps with the political crisis in Macedonia
Според дипломатски извори се дознава дека по тој датум опозицијата ќе се врати во парламентарните клупи и ќе се стави крај на објавување на нелегално снимените и дополнително креирани телефонски разговори. Во документот на кој стои и потписот на Зоран Заев не се наведени термините преодна, техничка или било каква измена во извршната власт, додаваат истите извори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top