| четврток, 6 декември 2018 |

Утре во прекин сообраќајот Кичево-Охрид

Поради изведување на градежни работи, минирање на патниот правец А2 Кичево – Охрид, кај месноста Лавчанско речиште утре од 16 до 17 часот сообраќајот ќе биде во прекин, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top