Во моментов се работи на изградба на три нови автопатски делници со вкупна должина од 132,2 километри и тоа Демир Капија – Смоквица, Миладиновци (Скопје) – Штип Кичево-Охрид , како и рехабилитација на автопатската делница Велес-Катланово во должина од 23,5 километри.
Вкупната бројка на градежници кои работат на четирите автопатски делници изнесува 2200 лица. Од нив, на изградбата на автопатот Миладиновци-Штип се ангажирани 500 работницим додека на автопатот Кичево-Охрид дури 900 работници.
Дополнително, на делницата Демир Капија – Смоквица се ангажирани 700 работници, додека на делницата Велес – Катланово 100 работници.
На проектот за изградба на автопатот Миладиновци (Скопје) – Штип во должинаод 47 илометри пробиени се 80 отсто од трасата. Почетокот на изградбата започна во мај 2014 година и истиот предвидено е да биде завршен до септември 2017 година
На оваа делница се работи на земјани работи, пропусти, косини. Земјаните работи се извршени 30 %. 17 цевасти и плочасти пропусти се комплетно завршени. Се работи на 35 цевасти и плочести пропусти од вкупно 112. Се работи на бетонирање на 3 мостови, 8 надпатника, 4 подпатника и4 вијадукта. Вкупниот прогрес на градежните работи изнесува 14%. Моментално на оваа делница работат 500 градежници.
Изградба и рехабилитација на 52,3 километри регионални и магистрални патишта
Во тек е изградба и рехабилитација на четири регионални и магистрални делници со вкупна должина од 52,3 километри.
Во моментов се изведува рехабилитација на регионалниот пат Маврово-Маврови Анови, изградба на нов регионален пат Скопје-Сончев Град , изградба на нов регионален пат Опае – Бељаковце – Станчиќ – граница со Косово и изградба на експресниот пат Велес-Кадрифаково. На овие делници моментално работат околу 200 градежници.
Во фаза на подготовка за отпочнување с орехабилитација се 11регионални патни правци со вкупна должина од 158 км и тоa: Битола – Ресен- Буково, Спој со А4 (Ново Село) – Маврово – Жировница – Дебар, Делчево – Голак, Мокрино – Смолари, Мелнички мост – Центар Жупа, Лажани – Ропотово – Црнилиште, Кривогаштани – Обршани – Воѓани, Кочани – Делчево, Нов Дојран – Николиќ , Тетово- Брвеница- Чегране и Раец – клучка Дреново.
Реконструкција на 46 локални патишта
Во 2015 годин аќе се реконструираат 46 локални патишта со вкупна должина од 57 км и инвестиција од 7.20 милиони евра.
Од нив 8 локални патни правци се завршени (должина од11,29 км), 12 локални патни правци се во тек на реконструкција (должина од 15,93 км ), додека 26 локални патишта ќе отпочнат со реконструкција од јуни/ јули (должина од 29,78 км )
Во моментов на 12 локални патни правци работат околу 100 градежници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Марин продолжува со градежни активности кај Мајчин дом, предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за мораториум одбиен
-
Внимателно возете: Девијации (преминување од една во друга лента) на патот Кичево-Охрид
-
Владата усвои нови два анекса на договорот за автопатот Кичево-Охрид
-
Патувате за Охрид? Прочитајте ги новите измени во режимот на сообраќај