| четврток, 6 декември 2018 |

Ново поскапување на цигарите

Цигарите поскапуваат за три денари по кутија од први јули годинава.

Новата, повисока цена во продавниците на Македонија треба да почне да се применува на стартот од летото доколку производителите не решат тие да ја компензираат.

Зголемување од по три денари на цигарите се предвидува сè до први јули 2016 година, по што во наредните седум години тие ќе поскапуваат по четири денари за кутија годишно.

Ваквиот тренд на покачување за осум години драстично ќе ги поскапи цигарите во земјава, па така најскапата кутија цигари, која денес чини 120 денари, за осум години ќе достигне цена од 154 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top