| четврток, 6 декември 2018 |

Одбојкарската репрезентација ги стартуваше подготовките со 11 одбојкари

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија денеска со првата прозивка на селекторот Жарко Ристоски во Маврово ги стартуваше подготовките за вториот настап во Европската лига. Успехот кој го направија македонските одбојкари минатата година кога како дебитанти во Европската лига го освоија третото место, влева надеж дека би можела оваа генерација на играчи да се искачи скалило погоре и да биде една од репрезентациите кои може да замеша прсти и за самиот еврипски трон.
Затоа селекторот Ристоски повика 16 ракометари од кои 11 се јавија веднаш на првата прозивка, а останатите се очекува да пристигнат во текот на наредните денови.

Единствен одбојкар кој го одби повикот на селекторот е Николов, а останатите четворица Никола Ѓорѓиев, Симовски, Ѓорѓевски и Јосифов ќе се приклучат подоцна бидејќи добија дополнителни денови за одмор.

Како што наведува Ристоски во Маврово ќе се работи комбинирано со акцент на подигање на физичката подготвеност. Репрезантацијата од понеделник се сели во Скопје каде ќе се започне со втората фаза, каде се воигрува на техничко-тактички план.

Македонската одбојкарскa репрезентација годинава во Европската лига се наоѓа во групата А со селекциите на Полска, Естонија, Австрија, Данска и на Израел. Првиот дуел го играме со Естонија, селекција која деновиве откако славеше над Шведска во два меча, се пласираше на Европското првенство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top