| четврток, 6 декември 2018 |

Регресот за одмор нема да биде задолжителен?!

Ekonomija107-pari-1
Исплатата на регресот за годишен одмор веројатно ќе стане незадолжителна. Работодавачите бараат да се укине ваквата обрска и предлагаат да се воведе опција парите за годишен одмор на работниците да бидат исплатени само доколку компанијата има пари. За ова, според Организацијата на работодавачи, Синдикатот дава позитивни сигнали.

Од Организацијата велат дека ваквата обврска им создала многу маки на некои работодавци. Дел од нив ги скратиле платите за да исплатат регрес. Некои пак биле приморани да земат кредити.

Работодавците минатата година првпат исплатија задолжителен К-15, кој изнесуваше минимум 40% од просечната плата или над 8.400 денари. За неисплата на регресот е предвидена глоба за правното лице од 2000 до 3000 евра, а за одговорното лице од 500 до 1000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top