| четврток, 6 декември 2018 |

„Македонија 2025“ бара брзо решение на политичката криза

Vmro Miting Zaedno sme posilni 18 05 15 (7) (Custom)

Организацијата „Македонија 2025“ изразува загриженост поради состојбата во земјава и ги повикувалидерите на политичките партии, претставниците на општествениот и бизнис сектор да дејствуваат мудро и брзо да донесат решение за политичката криза.

– Внимателно ги следиме настаните во Македонија и многу сме загрижени дека државата може да се соочи со дестабилизација. Најостро ги осудуваме терористичките акти против институциите во државата и употребата на насилство за политички цели. Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата на полицајците кои ги положија своите животи за безбедноста на државата и нејзиниот народ, наведуваат во соопштението.

Anti government protest in FYROM

Ги повикуваат надлежните институции да иницираат независна и непристрасна истрага за обвиненијата за потенцијалните политички неправилности, измами во гласањето, неумесното влијание на судството и медиумите. – Само со дијалог и веродостојна комуникација меѓу сите политички партии, може да се дојде до решение кое ќе доведе до стабилна економска средина за водење бизнис и ќе овозможи безбеден живот за луѓето. Ги повикуваме сите да се однесуваат мирно и со меѓусебна почит, затоа што сите сме едно, наведуваат од „Македонија 2025“.

Од меѓународната заедница, пак, се бара да ја поддржи интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО, како македонскиот народ не би се чувствувал изолиран и напуштен од неговото европско семејство.

Од „Макеоднија 2025“ изразуваат задоволство од огромното подобрување на економскиот раст во последните пет години и се надеваат дека овој тренд ќе продолжи и во иднина. Според организацијата, напредок може да има само во средина која е стабилна за водење бизнис, така што компаниите и оние со кои соработуваат, ќе можат да го искористат потенцијалот на Македонија и да стимулираат натамошен раст и развој на државата.

– Нашата порака до сите е да останат обединети за мир и стабилност во Македонија и регионот и никогаш да не се откажат од оваа надеж, се вели во соопштението од „Македонија 2025“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top