| четврток, 6 декември 2018 |

Жените и девојките во страв – Манијак напаѓа во Карпош

fsdmkfsdmk234

Жителите од населбата Карпош 4, веќе подолго време се соочуваат со огромен проблем. Имено, во доцните ноќни часови скоро и да не можете да видите сама девојка, бидејќи по улиците слободно шета манијак кој редовно трча по нив и се обидува да ги силува, пишува Калимеро.мк.

– Веќе неколку недели воопшто не се осудувам сама да шетам низ населбата. Еднаш и мене ме бркаше, но успеав да му избегам. Тој е доста впечатлив, има околу триесетина години, вози сив тркачки велосипед и секогаш на вратот носи марама, која ја става врз своето лице кога има намера да нападне – вели С.Ј, жителка на Карпош. Според жителите, случајот е пријавен во полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top