| четврток, 6 декември 2018 |

Ја згмечил трактор додека се обидувала да го спаси сопругот

полиција

Голема трагедија се случила вчера на улицата Партизанска во Демир Капија околу 15 часот. Според податоците на ДУМА, во обид да му помогне на сопругот кој се нашол под трактор во движење, жена од Демир Капија се нашла под него и се здобила со тешки повреди од кои подоцна починала.

Тракторот кој бил паркиран во дворот одеднаш се придвижил и со задното десно тркало го зафатил седумдесет годишниот Л.А. а неговата сопруга Катерина А. притрчала да му помогне, но за жал починала. За жал сопругата не издржала и на пат кон Ургентен центар во Скопје им подлегнала на повредите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top