| четврток, 6 декември 2018 |

Агуеро главна мета на Реал

CGeGqCfWoAAQyB3
Рафа Бенитез оваа недела и официјално ќе биде претставен за нов тренер на Реал Мадрид, а првиот човек на клубот Флорентино Перез ќе се обиде да му го обезбеди првото засилување ова лето во името на голгетерот Серхио Кун Агуеро.
Фудбалерот на Манчестер Сити е еден од најдобрите напаѓачи во светот, оваа сезона беше прв стрелец во Премиер лигата со 26 гола, а постигна и шест во Лигата на шампиони.

Моментно Французинот Карим Бензема е „деветка“ на Реал, но постигна само 15 гола во сезоната за заборав и без трофеј на кралскиот клуб.

Флорентино Перез е познат по трошење пари на големи трансфери и се очекува и ова лето да потроши голема сума, а Агуеро е главна мета.

Дваесет и седумгодишниот аргентински напаѓач во 2011. година за 45 милиони евра дојде во Манчестер Сити, па се очекува евентуалниот трансфер во Реал да чини далеку повеќе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top