Шефовите на Европската централна банка (ЕЦБ) и на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) доцна синоќа се упатиле кон Берлин на разговори со лидерите на Франција и на Германија, со цел да се договорат како да се продолжи во преговорите за грчкиот долг, јави дописникот на МИА од Атина.
Официјални претставници на ЕУ соопштија дека шефовите на ЕЦБ и на ММФ, Марио Драги и Кристин Лагард, им се приклучиле на германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, со цел да утврдат заедничка позиција за тоа како да се преговара со Грција.
Ваквиот неочекуван развој дојде откако грчкиот премиер Алексис Ципрас вербално ги нападна меѓународните кредитори дека се виновни затоа што сѐ уште не е постигнат договор со Грција.
Еврозоната постави краен рок до петок да завршат бавните разговори за да им се даде време на кредиторите и министрите да го одобрат договорот и да се обезбеди парламентарна поддршка за исплата замрзнатата помош, пред да истече договорот за финансиска помош за Грција на крајот на јуни.
Во напис во францускиот весник „Монд“, за кој европските дипломати рекоа дека го напишал за да им покаже на грчките гласачи колку силно се бори, Ципрас ги обвини кредиторите за „апсурдни предлози“ и оти ја занемаруваат грчката демократија.
– Тоа што досега нема договор не се должи на наводната бескомпромисна и неразбирлива грчка позиција. Тоа е поради инсистирање на одредени институционални актери за давање апсурдни предлози и покажување на целосна рамнодушност кон последниот демократски избор на грчкиот народ – напиша Ципрас.
Атина в петок треба да исплати долг од 300 милиони евра на ММФ, во услови на растечки сомнежи за нејзината способност да ги намири сите финансиски обврски за овој месец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст