Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан, денеска во Скопје ќе има средба со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и со лидерот на СДСМ Зоран Заев за изнаоѓање решение за излез од политичката криза во земјата.
Според информациите на МИА од мисијата на ЕУ во Скопје и од политичките партии, можно е по разговорите со Груевски и Заев, Хан да присуствува на лидерската средба на која ќе бидат и претседателите на ДУИ и на ДПА Али Ахмети и Мендух Тачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.