| четврток, 6 декември 2018 |

Пет знаци кои мажите никогаш не ги читаат

Жените често им даваат знаци на нивните мажи, кои тие би требало да ги прочитаат без проблем. Но како што веројатно е познато, тоа и не е секогаш така. Ова се пет вообичаени и помалку комични ситуации.

Машкиот и женскиот мозок функционираат според сосема поинакви и различни принципи.

1. Жената со зборовите праќа двосмислени пораки

ТАА мисли: Со употребата на сугестивни зборови дека кокетира со него и му праќа знаци дека го посакува.

ТОЈ мисли: Колку чудни зборови употребува

Мажите воопшто не ги забележуваат женските алузии, затоа што вокабуларот им е тотално поинаков од оној кој жените го користат во комуникацијата со припадниците на понежниот пол. Тој бара очигледни сигнали. Нафрлување на сугестивни зборови во разговорот нема да му помогне да ги открие женските зборови.

2. Жената зева и глуми дека е изморена

ТАА мисли: Му давам до знаење дека ми е досадно, на начин да не ги навредам другите околу себе.

ТОЈ мисли: Сака да спие, а јас ќе останам да се забавувам

Мажите секогаш бараат практични решенија. Кога жената вели дека е изморена, тие така и ќе го сфатат тоа. Единствениот начин да им дадете до знаење дека не се забавуваат е тоа директно да им го кажете.

3. Жената се обидува на безболен начин да ја прекине врската

ТАА мисли: Пристојна сум и имам обѕири, а повторно му дадов до знаење дека меѓу нас е готово

ТОЈ мисли: Се уште ја интересирам

Раскинувањето никогаш не е едноставно. Јасно треба да му ги кажете вашите намери и да не даваат лажна надеж. Конструкциите од типот „привремена пауза“ и „време за размислување“ можат да бидат погрешно сфатени и мажот ќе верува дека се уште има шанса. Подобро е да му ја соопштите болната вистина отколку да го наведете на погрешна мисла.

4. Жената суптилно го допира

ТАА мисли: Кокетирам со него и ја користам секоја прилика да го допрам, му отстранувам нешто од маичката и го допирам по рамото кога ќе каже добра шега.

ТОЈ мисли: Тој всушност ништо не мисли

Првите суптилни допири нема ни да ги забележи. Подоцна дури сфаќа дека се работи за кокетирање. Првите знаци на кокетирање речиси никогаш не ги сфаќаат. Но треба да бидете истрајни и да им дадете време.

5. Жената молчи и гледа на друго место

ТАА мисли: Лута сум и така ќе сфати дека нешто не штима

ТОЈ мисли: Па што е сега?

Молчењето е најсилното женско оружје, но всушност тоа е најлошиот начин за комуникација која не ја разбира ниту еден маж. Ако нешто ве мачи, тоа морате да го кажете бидејќи во спротивно ситуацијата ќе стане напната и иритантна.

 

Извор: Вистина.мк

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top