| четврток, 6 декември 2018 |

Витаминот Д го поттикнува слабеењето

Конзумирањето суплементи на витамин Д може да помогне во борбата против вишок на килограми, покажуваат резултатите од истражувањето на италијански научници.

mleko_4

Истражувачите од Универзитетот во Милано во период од шест месеци набљудувале околу 400 испитаници со вишок на килограми кај кои е потврдена многу ниска концентрација на витаминот Д во крвта.

На крајот од набљудувачкиот период е утврдено дека повеќе килограми загубиле испитанците кои пропишаната диета ја комбинирале со земање на дополителен витамин Д.

Претходни студии веќе покажале дека недостигот на витамин Д е поврзан со поголем ризик за дебелеење и здравствени проблеми предизвикани од вишокот на килограми.

Витаминот Д се произведува во организмот по изложеноста на кожата на сончеви зраци, а присутен е во млекото и млечните производи, јајцата и риба, како што е туната и лососот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top