Државите од регионот се премали за преголемите предизвици што ги наметна глобализацијата. Потребна е поголема соработка меѓу нив, а договорот за новата ера треба да се заснова на градењето доверба и поголема безбедност во регионот, порача македонскиот претседател Ѓорге Иванов на денешниот Самит 100, што се одрзува во словенечкиот град Порторож.
Обраќајќи се пред лидерите од Југоисточна Европа и пред претставници на бизнис секторот, Иванов, како што јави известувачот на МИА, посочил дека Македонија сеуште чека влез во Европската унија и во НАТО и оти она што и останува е да инвестира во економијата и образованието.
– Македонија 24 години е заглавена во лифт. Ни горе, ни долу заглевани и во НАТО и во Европска унија, во Јадранскојонската иницијатва и во Црноморската иницијатива. Од инает. Гледате што прави она што е наша специфика. Што ни останува – да ја градиме Македонија во висина и затоа се инвестира во економијата и знаењето. Ама некому тоа не му чини, истакна македонскиот претседател.
Според него, потребна е поголема поврзаност меѓу државите од регионот и да се изнајдат канали за соработка, кои ќе резултираат со железнички, енергетски и ИКТ поврзувања.
Македонскиот претседател ја поздрави праксата Самитот 100 да се одржува пред Самитот на процесот Брдо – Бриони и во тој контекст нагласи дека синергијата меѓу бизнис заедницата и државите е особено неопходна во денешни услови. На самитот, покрај претседателот Иванов присутни се и бизнисмени од Македонија.
На маргините на самитот, претседателот Иванов оствари билатерални средби со домаќинот, словенечкиот претседател Борут Пахор и со хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ на кои од македонска страна беше побаран неодложен почеток на пристапните преговори за членство во Европската унија и прием во НАТО. Самитот 100 во Порторож се одржува четврта година по ред. Во 2011 година за првпат Самитот се одржа во Србија, во 2013 во Црна Гора, а во 2014 година во Хрватска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани