| четврток, 6 декември 2018 |

Тензија помеѓу струмичани и скопјани во кампот на СДСМ

kamp4

По физичката пресметка што се случила во кампот на СДСМ пред Владата меѓу симпатизерите на најголемата опозициска партија, во текот на денешниот ден беше мирно. „Нетпрес“ коментира дека е видлива тензијата меѓу таборите присутни во кампот. Тие не сакале да зборуваат пред камера. „Нетпрес“ објави дека до пресметката дошло поради недоразбирање меѓу скопското крило на СДСМ и струмичкото, кое е присутно во кампот уште од почетокот на неговото отворање.

Физичката пресметка што настанала била плод на негодување со актуелната политика и мерки што ги презема Зоран Заев, како и неговото инсистирање по секоја цена да се остане во шаторите и покрај тоа што е евидентно дека тоа не дава резултати. Струмичаните присутни во кампот пред Владата тргнале во заштита на Заев и беспоговорно следење на неговите инструкции, при што се истурил гневот од страна на скопското крило, кое ги обвинило струмичаните за узурпација на партијата на сите нивоа, како и нејзино ставање во функција на личните интереси. Очевидец на настанот, кој е и кампер пред владата, а доаѓа од скопски Карпош, за „Нетпрес“ изјавил:

– Тука секој ден се струмичаните што се групираат посебно, а присутен е и братот на Зоран Заев, Вице Заев, како и Цветанка Иванова, нивни луѓе и пријатели. Лесно е им е да протестираат кога поголемиот дел од нив си земаат пари и плата од општината. Не сакам да навлегувам подлабоко, но децата од Скопје се во право кога се лутат дека се узурпира партијата.

Според порталот, членовите на СДСМ од Скопје претходно се договарале јавно да го изразат својот револт. Тие договарања биле во 20 часот во кафулето „Сото“, кое е во непосредна близина на Владата. Веднаш потоа незадоволството се прелеало и во кампот, каде што еден од присутните јавно посочил дека СДСМ е партија на членството, а не на тесната клика на Заеви, по што наишол на реакција од кампот посебно од струмичани, кои го нападнале дека не им се потребни штрајкбрејќери по што пробале да го избркаат. Во игра биле пцуења, метални прачки, и фрлање стаклени шишиња. Пресметката ќе прераснела во многу посериозен инцидент ако не реагирал Миле Зечевиќ, кој ја смирувал ситуацијата. Фрчеле телефонски повици на сите страни, а во смирувањето се приклучиле повеќе луѓе од раководството на СДСМ.

Од друга страна локалните станари постојано се жалат поради гласната музика, како и постојаниот неред кој го оставаат зад себе. Неединството во кампот е индикатор за состојбите и подвојувањата кои постојат во СДСМ и Заев, и се’ погласни стануваат различните табори и двоења на крила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top