| четврток, 6 декември 2018 |

Дејли меил:Березовски имал оргии со малолетнички

Шеесет и седум годишниот руски олигарх Борис Березовски, кој беше пронајден мртов минатата недела во неговиот стан во Лондон, редовно доведувал тинејџерки од источна Европа во Британија и им плаќал за сексуално услуги, пишува Дејли Меил.

По 12 години долг политички егзил во Британија, Березовски беше познат по контроверзниот живот, но сега е откриена темната страна од неговиот живот.

Весникот пишува дека Березовски им наредувал на неговите возачи по автопат да возат со 225 километри на час, додека за тоа време на задното седиште олигархот уживал во сексуални услуги на малолетни девојки.

Извори блиски на истрагата тврдат дека била јавна тајна тоа дека Березовски младите девојки ги водел во својата вила или во скапи хотели.

Во една прилика, на млада Литванка не и се допаѓал начинот на кој се однесувал кон неа, па побарала да се врати дома. Березовски се согласил, но на неговиот возач му рекол намерно да вози по најпрометните улици на Лондон, за девојката да задоцни на својот лет, по што во неговата вила останала наредните 24 часа.

-Борис беше многу задоволен и во пораките ми испраќаше “смајли”-рече возачот на рускиот тајкун.

Тој истакнал за весникот, дека девојки од источна Европа доаѓале постојано.

-Се чувствував лошо поради начинот на кој постапуваше кон нив, посебно затоа што некои од нив беа на возраст на мојата ќерка-додава тој.

Како што нагласи, малолетничките често ги водел во купување, како и дека честопати се среќавал со моторџии на кои им давал пари за девојките.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top