| четврток, 6 декември 2018 |

Стапува во сила Договорот за стабилизација и асоцијација на БиХ со ЕУ

бих

Договорот за стабилизација и асоцијација меѓу Босна и Херцеговина и Европската унија денеска стапува во сила со цел подготовка на државата за членство во Унијата.

Советот на Европската унија за општи работи на 21 април донесе одлука за склучување на тој договор со БиХ кој беше парафиран во 2008 година. Тогаш почна подготовка само на трговскиот дел од договорот, но не и политичкиот.

Со стапување на сила на Договорот, од денеска на државата и се потврдува статус потенцијален кандидат за членство во ЕУ.

Досега се беше на статус „чекање“ поради внатрешните несогласувања и неспособност на локалните политичари да исполнат предуслови на кои инсистира Брисел.

– Во контекст на членство во ЕУ договорот служи како основа за спроведување на процесот на пристапување – се вели во соопштението кое го пренесуваат медиуми во БиХ.

Активирањето на Договорот, претседавачот со Претседателството на БиХ Младен Иваниќ го оцени како отворање на нови перспективи на државата по „седум години безнадежност“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top